ПОЧЕТНА

БЛИЗНАЦИ
За да ги освоите Близнаците, најдобро е да ја разбудите нивната ненаситна љубопитност. Да ги гледате не претставува никаков проблем, секогаш ќе имаат еден час да ви посветат. Затоа препорачливо е да се поКажете непредвидливи, а ако сакате повторно да ги видите, немојте ни случајно да им се предадете уште на самиот почеток, ни физички, ни морално. Исто така не се препорачува да ги сфатите сериозно, затоа што тие брзо ќе се обидат да го злоупотреебат вашето трпение и ќе почнат да ја тераат водата на сосема друга воденица. Треба да бидете со весел дух и со шеговите природа, а кон тоа да додадете трошка таинственост, зрно авторитет и трпение. Во секој случај треба да се избегнува техниката на влажни очи, ледени раце и растреперено тело штом ќе се појават. Близнаците премногу би се плашеле да се впуштат во во некоја замрсена приказна која би можела да ја загрози нивната слобода. Со нив во суштина треба да се биде итар: да се почитува нивната желба за самостојност и да притоа не им бидете на располагање. За да ги освоите Блинаците мора да бидете поснаодливи од нив и мора да знаете што тожно сакате. Затоа што тие се заводлив плен подложен на влијанија, но брзо трчаат.